BlackBerry го нуди најбезбедниот месенџер

Објавено на 15.07.2014 во Blackberry



BlackBerry го нуди најбезбедниот месенџер

Еден од главните адути на BlackBerry е понудата на заштитни системи за мобилна и интернет комуникација како што се BlackBerry Messenger Protected, но како никогаш досега се соочуваат со огромна конкуренција која се заканува дека ќе ги потисне од пазарот, па канадската компанија реагира со нова кампања во која тврди дека ги нуди најдобрите алатки за заштита.
 
 
Во понудата на заштитена комуникација влегоа новите криптирани смартфони како и системот на Samsung Knox за безбеден пренос на информации кој ќе биде дел од оперативниот систем Android, што значително му ги намалува корисниците на BlackBerry. Затоа BlackBerry ги прикажа можностите на BBM Protected за безбедно допишување.
 
 
Во период на засилени хакерски напади и индустриска шпионажа и кражба на податоци на компаниите и институациите им треба безбеден канал на комуникација кој може да го добијат со BBM Protected кој има три слоја на енкрипција и со заштитните кодови управува самиот корисник, а не BlackBerry што значи дека можностите за безбедносни пропусти и злоупотреби се сведени на нула. 
 
 
Сервисот BlackBerry Messenger Protected наскоро ќе биде достапен за мобилните платформи на Android и iOs, а во продолжение може да ја погледнете и кратката видео презентација.