И BlackBerry има своја Siri

Објавено на 17.07.2014 во Blackberry



И BlackBerry има своја Siri

Канадската компанија BlackBerry долго време го држеше во фиока гласовниот асистент за смартфоните кој беше делумно откриен уште во 2013 година, но дури сега е целосно подготвен за примена во оперативниот систем. 
 
BlackBerry Passport, BlackBerry Assistant, passport, square blackberry
 
Според првичната најава BlackBerry Assistant ќе функционира слично како и останатите гласовни апликации и ќе ви овозможи да активирате одредени сервиси или пак опции со гласовни команди, како на пример преместување на е-маил пораката во инбокс, да пребарува на интернет различни информации и податоци, како и да ви помогне во поставување на организациски задачи, потсетници, аларми и известувања.
 
Assistant main use
 
Прв смартфон кој ќе работи со BlackBerry Assistant е неодамна најавениот BlackBerry Passport чија промоција ќе се случи кон почетокот на есента, а останатите корисници ќе ја добијат апликацијата со некоја од новите надградби на оперативниот систем BlackBerry 10.
 




 
Најнови телефони
 
  • Mate 10 Pro
  • G6
  • 3310 (2017) 3G
  • 8
  • 7
  • 6
  • 5
  • 3
  • 2
  • 105 (2017)
 


{}