Microsoft целосно ја закопа Nokia

Објавено на 18.07.2014 во Новости



Microsoft целосно ја закопа Nokia

Microsoft конечно ја комплетираше акцијата за превземање на Nokia но, според најновите одлуки на менаџментот финците воопшто немаат причини за задоволство и надеж бидејќи донесени се многу тешки одлуки како што е отпуштање на дури 12.500 вработени.
 
 
Сатја Надела извршниот директор на Microsoft соопшти дека ќе има големи промени во структурата на компанијата и во наредната година ќе има вкупно 18.000 отпуштања, од кои поголемиот дел ќе бидат работници на Nokia Mobile. Целта на овој потег е да се подобри внатрешната комунакција, носењето на одлуките и развој на стратегиите.
 
 
Microsoft исто така ќе укине повеќе смартфони на Nokia, како што се евтините телефони Asha, потоа постарата серија Nokia 40, како и тазе моделите со кустомизиран систем на Android од серијата Nokia X кои ќе се вратат на Windows Phone и целосно ќе бидат ребрендирани.