Колибри лаунчер за Android - Убавината е во малото
Објавено на 18.07.2014 во Android
Apus Launcher е нова апликација за организација на менито на Android која има одлична функционалност и како што е заштитниот знак колиброто се е во знакот на минимизирање и смалување на просторот на екранот за поголема прегледност и поголем пристап до повеќе апликации на едно место.
Со Apus Launcher може да креирате различни категории на икони, фолдери и кратенки во кои автоматски ќе бидат сместени апликациите и сервисите за комуницирање, игри, икона за мултимедија, алатки и вести и многу други.
Apus Launcher е бесплатна за превземање од Play Store за Android и покрај можноста за брза организација на менито, нуди и неколку дополнителни опции за персонализација со избор на позадини и различни виџети.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.