Google и Samsung пак ја спукаа

Објавено на 18.07.2014 во Новости



Google и Samsung пак ја спукаа

Изгледа дека само еден месец траеше обновената романса меѓу Samsung и Google кои беа во заладени односи со плановите на корејците да го лансираат сопствениот оперативен систем Tizen за сметка на Android, но тоа беше делумно надминато со смарт часовникот Samsung Gear Live кој беше јасна подршка за Android Wear платформата.
 
 
Google сепак, не е задоволен од стратегијата на Samsung да вложува повеќе ресурси во промоција на Tizen платформата иако досега не е пуштен во продажба ниту еден смартфон, туку повеќе е ставен фокус на смарт часовниците. За да ги надминат проблемите неофицајлна средба имале шефовите на двете компании Лари Пејџ и Џеј Ј. Ли која поминала во тензична атфосмфера.
 
 
Samsung во одредена мера успеа да му покаже на Google дека може да успее и без Android системот и дека токму Galaxy уредите се најзаслужни за неговата глобална застапеност и ќе проба да обезбеди подобри услуги од интернет гигантот за да продолжи со верноста. Сепак, оваа ситуација треба да се земе со доза на резерва бидејќи двете компании негираат нарушување на односите и тврдат дека нивната соработка е на највисоко можно ниво.