Едвард Сноуден - НСА краде разголени фотки од граѓаните

Објавено на 21.07.2014 во Новости



Едвард Сноуден - НСА краде разголени фотки од граѓаните

Најпознатиот инсајдер на американската разузнавачка област Едвард Сноуден најави дека ќе се фокусира на создавање на нов софтвер кој ќе ги заштити граѓаните од шпионирањето на властите, а во овој потфат помош бара од останатите хакери.
 
 
Тој откри дека cloud сервисот Dropbox е директно контролиран од агентите на НСА и служи за шпионирање, па затоа препорачува користење на побезбедни сервиси. Според Сноуден агентите на НСА откривале интимни слики на многу шпионирани лица и ги споделувале меѓу себе што нема никакви врска со националната безбедност и следење на терористички активности.
 
Едвард Сноуден одржа интернет конференција од Москва наречена HOPE на која ги претстави идеите и насоките за заштита на граѓаните од злоупотребите на власта, како и подобра платформа за откривање на нови тајни од инсајдерите како него кои имаат можност да откријат штетни постапки на владини и приватни организации.
 
 
Едвард Сноуден слично како Џулијан Асанж имаше јасна визија за демаскирање на сите тајни операции на САД, но и на сите останати влади во светот кои неовластено ги следат своите граѓани и ги ограничуваат нивните граѓански права и слободи.
 
Автор
 
Христијан Станоевиќ
Автор: Aleksandar Stankov