Sony Xperia Z2 доби големо подобрување

Објавено на 22.07.2014 во Новости



Sony Xperia Z2 доби големо подобрување

Sony Mobile изврши нова Frimware надградба на премиум смартфонот Sony Xperia Z2 со која значително се подобрени перформансите и се надминати повеќе грешки во софтверот и функциите.
 
 
Frimware надградбата со број 17.1.2.A.0.314 за Sony Xperia Z2 го подобрува квалитетот на звукот при воспоставување на телефонски повик, ја зголемува ефикасноста на полначот кога батеријата е при крај и носи поголема брзина на отклучување на смартфонот, поголема прецизност при внесување на команди со допир на екранот и уште многу други помали подобрувања.
 
Надградбата за Sony Xperia Z2 може да ја најдете на официјалната страна на Sony Mobile или пак ако сте стрпливи во текот на наредната недела софтверот автоматски ќе пристигне за инсталација.