Nokia Lumia 530 ќе има две СИМ картички и ниска цена

Објавено на 23.07.2014 во Новости



Nokia Lumia 530 ќе има две СИМ картички и ниска цена

Новиот модел на Nokia Lumia 530 неофицијално се појави на интернет страната на виетнамски препордавач на мобилни телефони каде се открива дека смартфонот ќе работи со две СИМ картички и се очекува да има многу ниска цена од околу 100 долари.
 
 
Доколку се земе во предвид објавата Nokia Lumia 530 ќе работи на четири-јадрен Snapdragon 200 процесор од 1.2 GHz, со 512 GB RAM, 4 GB вградена меморија и слот за microSD мемориска картичка, 5 мегапикселна камера со фиксен фокус и батерија од 1.430mAh.
 
Дизајнот на Nokia Lumia 530 нема да се разликува премногу од претходните модели и ќе има црна, бела, зелена, портокалова, сива и сина, додека пак неговите димензии изнесуваат 119.7 x 62.3 x 11.7 mm. LCD ClearBack дисплејот на Nokia Lumia 530 од 4 инчи ќе има qHD резолуција од 480 х 854 пиксели, а за софтверот ќе биде искористена најновата верзија на оперативниот систем Windows Phone 8.1.