Microsoft ги утепа конкурентите со новиот Lumia 530

Објавено на 25.07.2014 во Новости



Microsoft ги утепа конкурентите со новиот Lumia 530

Nokia Lumia 530 е новиот најевтин смартфон во понудата на Windows Phone 8.1 кој за сто долари нуди солидни перформанси и пристоен квалитет на изработка. Таа предност Microsoft се обидува да ја искористи во најновата реклама во која прави директна споредба на Nokia Lumia 530 со најдобрите смартфони од ниската класа.
 
 
Според повеќе критериуми како што е меморија и капацитет на мемориска картичка од Nokia Lumia 530 со 4 + 124 GB ги победува сите конкуренти на LG, Samsung, Lenovo, ZTE, HTC, Alcatel, Huawei и Motorola, а исто така може да се пофали дека е единствен кој работи на четири-јадрен процесор.
 
 
Понатаму Nokia Lumia 530 води и во категоријата на софтвер и апликации бидејќи работи на најновата верзија на Windows Phone 8.1 додека останатите смартфони заостануваат со постари верзии на Android. Nokia Lumia 530 има 4 инчен qHD дисплеј, 512 MB RAM, 5 мегапикселна камера и батерија со капацитет од 1430 mAh.

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: