Cortana ја уништи Siri

Објавено на 28.07.2014 во Новости



Cortana ја уништи Siri

Microsoft се придружи на елитното друштво со сопствен гласовен асистент кој го доби името Cortana според гласот на вештачката интелегенција во играта Halo и досега е достапна само за ограничен број на смартфони кои работат на новиот оперативен систем Windows Phone 8.1. Откако беа претставени можностите на Cortana, сега на ред е да се види како може да се спротистави на останатите гласовни асистенти како што е популарната Siri на iOs.
 
 
Microsoft за да ја покаже супериорноста на Cortana сними нова реклама во која ја споредува функционалноста со Siri при повеќе гласовни команди и организациски задачи. Како што може да се претпостави сите задачи Cortana ги заврши без проблем, како што е поставување на потсетници и приказ на дестинација на мапата, додека пак Siri одговори дека не знае како да му помогне на корисникот.

Автор: Aleksandar Stankov