Windows Phone 8.1 со супер додатоци во август

Објавено на 28.07.2014 во Windows



Windows Phone 8.1 со супер додатоци во август

Microsoft се подготвува за првата голема надградба на оперативниот систем Windows Phone 8.1 кој е во употреба повеќе од четири месеци. Надградбата го носи името GDR1 и ќе биде достапна во август за сите корисници и програмери за понатамошен развој.
 
 
Меѓу најатрактивните додатоци се издвојуваат фолдерите кои сега ќе може да се креираат на почетниот екран, каде може да групирате повеќе апликации или мултимедијални содржини во една папка. 
 
 
Подобрувања ќе има и во апликацијата Cortana која ќе се интегрира во телефонскиот именик и ќе има поврзување преку Bluetooth за употреба во автомобил. Потоа во GDR1 ќе биде воведена и подршка за смарт заштитни маски за Windows Phone 8.1 смартфоните, како и автоматско скенирање за нови надградби и подршка за VoLTE мобилна конекција.