LG G3 добива Max верзија со LG G Vista

Објавено на 29.07.2014 во Новости



LG G3 добива Max верзија со LG G Vista

LG Mobile наскоро ќе ја престави Max верзијата на LG G3 која засега е сигурно дека ќе биде лансирана во САД за двата мобилни оператори AT&T и Verizon што укажува на фактот дека фаблетот нема да биде ексклузивен само за еден оператор и може да биде лансиран на повеќе пазари во светот.
 
 
Официјалното име на фаблетот е LG G Vista и тој ќе има 5.7 инчен HD дисплеј со резолуција од 1280 x 720 пиксели што во голема мера е разочарување бидејќи густината на сликата ќе биде минимална. LG G Vista ќе има четири-јадрен процесор од 1.2 GHz, а најголем адут во хардверот е издржливата батерија од 3200 mAh.
 
LG G Vista ќе ја користи најновата верзија на оперативниот систем Android 4.4 KitKat и се очекува да биде промовиран во текот на август, па потоа најверојатно ќе следи и неговиот интернационален пласман по цена од околу 350 долари.