Три едноставни трикови за камерата на iPhone
Објавено на 29.07.2014 во Туториали
Повеќето од искусните корисници на iPhone сигурно веќе знаат како да направат квалитетни слики со својот смартфон и им се познати повеќето трикови за брза активација, но за тие што имаат тазе iPhone еве како да се снајдете веднаш со камерата.
Најпрво ќе се изненадите кога ќе дознаете дека слики може да правите со слушалките на iPhone. Треба само да е активирана апликацијата за камерата и со главното копче на слушалките или пак со леверот за зголемување на тон може да „шкрапнете“ некоја фотка.
Вториот совет исто така е поврзан со брза активација, овој пак од заклучениот екран каде со лизгање кон десно ќе ја најдете иконата за камерата на iPhone.
Третиот трик е наменет за тие што сакаат да ја добијат совршената фотка, па за да направите серија на слики во „рафал“ треба само да го држите копчето на екранот за сликање и ќе го добиете посакуваниот резултат.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.