Huawei е новиот крал на смартфоните

Објавено на 29.07.2014 во Новости



Huawei е новиот крал на смартфоните

Кинескиот производител Huawei само во првите шест месеци од 2014 година има рекорден раст од 62 проценти во вкупната продажба на смарт телефони која достигнува над 55 милиони примероци и со тоа сериозно му се доближува на Samsung и во ниската и во премиум класата.
 
 
Huawei се наментна на пазарот со нови квалитетни, но пред се смартфони со достапна цена како одличниот Huawei Ascend Mate 2, Huawei Ascend D2 и ултра тенкиот Huawei Ascend P7, како и премиум моделот Huawei Honor 6. Освен во Кина, Huawei има огромен успех и на пазарите во Африка, Европа и Јужна Америка што покажува дека купувачите најчесто се одлучуваат за понудата која има одличен спој на прифатлива цена и солидни перформанси.
 
 
Во наредниот период Huawei ќе се натпреварува со екстремно евтиниот Huawei Honor 3C 4G кој чини само 245 долари, а се очекува и нов премиум смартфон под кодното име Huawei Mulan кој ќе има Quad HD дисплеј, метален дизајн и ќе работи на осум-јадрен процесор, како и нов фаблет Huawei Ascend Mate 3 со HD дисплеј со големина од 6 инчи.
 




Прочитајте повеќе: