Сам Сунг продава униформа и легитимација на Apple

Објавено на 08.08.2014 во Новости



Сам Сунг продава униформа и легитимација на Apple

Пред неколку години Сам Сунг се прослави во светот како работник во продавница на Apple во Канада.

Денеска тој ги продава својата униформа и легитимација од Apple, а парите ќе одат во добротворни цели.  Тој во Apple  бил вработен на позицијата „Специјалист“, позиција која му дава пристап до сите потрошувачи во продавницата.

Поголемиот дел од корисниците кога ќе го сретнеле за прв пат, мислеле дека станува збор за скриена камера.

Денеска, тој не работи веќе за Apple, а од тие денови му останале само легитимацијата и униформата(маица со логото на компанијата). Тој во рамка за слика ги продава двата предмети на eBay, а цената на аукцијата ја надмина цифрата од 6000 долари.

Аукцијата ќе трае до 15 август, а сите средства ќе бидат донирани во добротворни цели.