Офцијално Sony Xperia M2 Aqua - Најводоотпорниот смартфон досега

Објавено на 20.08.2014 во Новости



Офцијално Sony Xperia M2 Aqua - Најводоотпорниот смартфон досега

Sony Mobile привлече големо внимание со Sony Xperia M2 смартфонот од средната класа кој за околу 350 долари нуди квалитетен дизајни изработка, солиден хардвер со четири-јадрен процесор и 8 мегапикселна камера, но купувачите беа незадоволни бидејќи недостасуваше IP57 сертфикатот за отпорност на вода и оштетување од прашина. 
 
 
Затоа јапонскиот гигант реши да ја поправи грешката и лансираше токму Sony Xperia M2 Aqua верзија која ќе ги задоволи сите заштитни стандарди, кои се дури и за степен повисоки бидејќи е применет IP68/68 сертификатот со кој смартфонот е целосно обезбеден од навлегување на вода и прашина, подобро и од премиум моделите.
 
 
Останатите спецификации на Sony Xperia M2 Aqua се исто така на ниво и смартфонот доаѓа со 4.8 инчен qHD дисплеј, четири-јадрен Qualcomm Snapdgragon 400 процесор, 1 GB RAM, 16 GB меморија, 8 мегапикселна камера со HDR, 4G LTE мобилна антена, како и батерија со капацитет од 2330 mAh.