Балканот без роаминг до 2015 година

Објавено на 21.08.2014 во Новости



Балканот без роаминг до 2015 година

Регулаторните тела за комуникации на Македонија и на земјите од регионот како Србија, Бугарија, Турција Хрватска, БИХ, Црна Гора, Косово и Грција се на добар пат да постигнат договор за слободна роаминг балканска зона и корисниците да бидат ослободени од високи сметки за мобилни услуги додека се надвор од својата држава.

Директорот на Агенцијата за електронски комуникации Роберт Орданоски пред состанокот со своите колеги изјави дека постои законска можност за реализирање на иницијативата, само треба да се најдат соодветните правни решенија. На овој начин целосно ќе се укине роамингот, за сите услуги како телефонски повици, СМС пораки и мобилен интернет.

Доколку биде постигнат договорот, иницијативата на АЕК за укинување на роамигнот во Балканскиот региот, би стапила на сила најрано на 1 јануари 2015 година.