LG L Fino и LG L Bello се смартфони за тинејџери
Објавено на 22.08.2014 во Новости
LG наскоро ќе претстави нова серија на смартфони наменети за тинејџери кои нема да имаат премногу моќни компоненти, но затоа пак ќе бидат поефтини, ќе имаат дизајн сличен на LG G3 и ќе ги поседуваат речиси сите најнови софтверски опции со модерен кориснички интерфејс.
Станува збор за смартфоните LG L Fino и LG L Bello чија промоција ќе се одржи на 3 септември на IFA 2014 во Берлин. LG L Fino ќе има 4.5 инчен дисплеј, 4 GB меморија, 8 мегапикселна камера, четири-јадрен процесор, 1 GB RAM, HSPA+ и ќе работи на Android 4.4.2 KitKat, додека пак LG L Bello ќе биде речиси идентичен но, со 5 инчен дисплеј и 8 GB меморија.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.