Водоотпортниот HTC Butterfly 2 доаѓа во Европа

Објавено на 22.08.2014 во Новости



Водоотпортниот HTC Butterfly 2 доаѓа во Европа

HTC на почетокот на летото го претстави HTC Butterfly 2 како ексклузивен смартфон за јапонскиот пазар, а сега ја најави и верзијата наменета за Тајван со што продолжува пласманот во Азија, но тоа што нас не интересира е дали и кога ќе го видиме овој водоотпорен убавец во Европа.
 
 
Според најновите но, се уште неофицијални информации HTC Butterfly 2 доаѓа во Европа најкасно кон крајот на есента или пред почетокот на празничната сезона. Да потсетиме HTC Butterfly 2 е еден од ретките водоотпорни смартфони на тајванскиот бренд, додека пак неговиот изглед и дизајн е сличен на HTC One M8.
 
 
HTC Butterfly 2 може да се пофали и со 5 инчен Full HD дисплеј, четири-јадрен Qualcomm Snapdgragon 801 процесор од 2.5 GHz, 2 GB RAM, 16 или 32 GB вградена меморија со слот за мемориска microSD картичка, 13 мегапикселна камера, 2700 mAh батерија и работи на Android 4.4 KitKat.