Автомобилите на Tesla ќе се активираат со смартфон

Објавено на 22.08.2014 во Новости



Автомобилите на Tesla ќе се активираат со смартфон

Иновативните автомобили на Tesla Motors се познати по понудата на напредна технологија, луксуз по ниска цена и квалитетен електричен но, моќен погон. Најнов додаток ќе биде можноста за стартување и отклучување на автомобилот Tesla Model S со смартфонот, а подршка најпрво ќе има за платформата на iPhone, а подоцна и за уредите кои работат на Android.
 
 
Возачите ќе може да го поврзат автомобилот Tesla Model S со смартфонот со кој благодарение на смарт технологијата ќе може да добиваат и известувања за работата на моторот и состојбата со возилото. Ваквиот новитет сепак е критикуван бидејќи што ако дојде до кражба на телефонот, тогаш многу лесно ќе може да ви го украдат и возилото.
 
 
Tesla Motors објасни дека заштитата на личните податоци ќе биде поставена на највисоко можно ниво и за верификација ќе се користи софтверот на скенерот за отпечатоци Touch ID на iPhone 5s.