Фаќајте забелешки - Доаѓа Samsung Galaxy Note 4
Објавено на 23.08.2014 во Новости
Samsung Mobile ја пушти првата официјална видео најава за претстојниот фаблет Samsung Galaxy Note 4 кој доаѓа на 3 септември и ќе биде прикажан на големо шоу на IFA 2014 во Берлин. Главниот фокус на Samsung Galaxy Note 4 ќе биде ставен на употребата на S Pen функционалното пенкало кое ќе ви биде од корист при пишување, цртање и правење белешки.
Во првата видео најава за Samsung Galaxy Note 4 се споменува дека пишувањето станува се поретко и својот ракопис е заменет со допирот на екранот, но со фаблетот кој ќе има огромна моќ тоа може да се промени. Пишувањето со S Pen ќе биде совршено и прецизно, речиси идентично како со пишување со молив или пенкало на лист хартија.
Освен овие карактеристики Samsung Galaxy Note 4 ќе има Quad HD дисплеј, четири-јадрен Qualcomm Snapdragon 805 процесор, 3 GB RAM, 16 мегапикселна камера и исто така се очекува нов дизајн со врвен квалитет на изработка.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.