Претставен HTC Desire 510 - LTЕ, Quad-core, KitKat за 200 евра

Објавено на 28.08.2014 во Новости



Претставен HTC Desire 510 - LTЕ, Quad-core, KitKat за 200 евра

HTC Desire 510 е најновиот смартфон на тајванскиот бренд чија идеја е да ги привлече купувачите со ограничен буџет нудејќи им неколку клучни карактеристики по цена која не смее да надмине над 200 евра.
 
HTC Desire 510 има 4.7 инчен дисплеј, но со слаба qHD резолуција од 480 х 845 пиксели и минимална густина на сликата од 208 ppi, потоа работи на четири-јадрениот Qualcomm Snapdragon 410 процесор од 1.2 GHz, со 1 GB RAM, 8 GB меморија, слот за microSD, 5 мегапикселна камера, батерија од 2100 mah, а ја користи верзијата на Android 4.4 KitKat.
 
HTC Desire 510 е „буцкаст“ смартфон чии димензии изнесуваат 139.9 x 69.8 x 9.99 mm со тежина од 158 g и има бела, црна, сина и сива боја на маската. Како што напоменавме во воведот може да се поврзе со 4G LTE мобилна конекција и е смартфон кој нема целосно да ве воодушеви, но нема ниту да ве разочара.