Прво видео за Zen смарт часовникот на Asus

Објавено на 28.08.2014 во Новости



Прво видео за Zen смарт часовникот на Asus

Asus сигурно ќе биде во центарот на вниманието на претстојниот IFA 2014 во Берлин како производител кој секогаш има иновативни идеи. Наместо со нов „Трансформер“ Asus овој пат ќе се обиде да ги воодушеви фановите со нов смарт часовник за кој се претпоставува дека ќе има флексибилен дизајн, со заоблен дисплеј.
 
Во првото тизер видео го дознаваме и официјалното име, а тоа e Asus ZenWatch и може на кратко да ја видиме формата и изгледот на смарт часовникот што е сосема доволно за да ја заскокотка нашата љубопитност. 
 
 
Asus ZenWatch ќе биде целосно прикажан на 3-ти септември, ќе ја користи Android Wear софтверската платформа за преносни уреди на Google и се претпоставува дека ќе има супер ниска цена од 99 до 149 долари, што го прави многу поевтин во однос на конкурентите.