Samsung започна улична пресметка со Apple

Објавено на 30.08.2014 во Новости



Samsung започна улична пресметка со Apple

Samsung е неуморен кога е во прашање снимањето реклами и речиси секој ден има по некое ново видео. Маркетинг тимот на Samsung одлично си ја врши работата и нуди креативни, но некогаш и провокативни реклами, како последната во која се прави директен напад на iPad на Apple, секако спореден со најдобриот Samsung таблет Galaxy Tab S.
 
 
Во најновата реклама случајни минувачи се анкетирани да направат споредба меѓу Galaxy Tab S и iPad и секако нивните одговори се во полза на Samsung бидејќи таблетот е потенок, полесен, има подобра резолуција и поквалитетен екран и подобра камера. 
 
 
Ова секако се идеалните одговори кои Samsung, но со оглед на бројот на продадени iPad таблети кои и понатаму се на врвот претпоставуваме дека имало и многумина кои никако не би се откажале од својот Apple миленик, па нивните одговори ги нема во видеото.

Galaxy Tab S е најверојатно најдобриот Android таблет на сите времиња, но друга неповолност е што побарувачката на таблети се намалува поради новите смартфони кои имаат се поголеми екрани. Samsung се уште не излегол со официјални бројки за продажбата на Galaxy Tab S серијата на таблети, но ако продолжи во овој ритам до крајот на годината има големи шанси да му се доближи, па дури и да го надмине iPad на првото место.