Анализа: Кое е најдоброто Cloud решение за мобилен и десктоп

Објавено на 30.08.2014 во Туториали



Анализа: Кое е најдоброто Cloud решение за мобилен и десктоп

Корисниците кои имаат многу фајлови, слики, документи и друг вид на содржини секогаш размислуваат кое е најдоброто решение за складирање на Cloud сервис. Постојат повеќе понуди, па затоа најдобро е да ги разгледате веќе проверените и безбедни сервиси како Google Drive, iCloud, OneDrive на Microsoft, Box, MediaFire, Dropbox (ако имаше тврдења дека неговата безбедност е пробиена од NSA и служи за шпионирање), како и сервисот на Amazon.
 
 
Доколку имате Android смартфон или таблет, а на десктоп компјутерот користите Chrome, Gmail и останати сервиси на Google тогаш најдобро би било да го користите Google Drive бидејќи лесно ќе ја синхронизирате работата меѓу сите уреди и брзо ќе пристапите до било кој вид на фајлови. Google Drive нуди бесплатни 15 GB, но доколку сметате дека ви се малку за месечна претплата од 9.99 долари добивате дури 1 TB. 
 
 
Основната понуда е слична и кај OneDrive кој нуди почетни 15 GB, а за 9.99 долари месечно покрај 1 TB добивате и право на бесплатно користење на софтверскиот пакет Office 365 што е одлична зделка. OneDrive е претежно наменет за десктоп и мобилната платформа на Windows, но има и Android и iOs апликација. Исто така може да го користат и сопствениците на Mac уреди.
 
 
Во топ три Cloud сервиси влегува и MediaFire кој нуди почетни 10 GB, а за само 2.5 долари месечно се добива исто така простор од 1 TB, што го прави во оваа конкуренција најевтин. MediaFire може да го користите од смартфон преку Android и iOs апликацијата, а е достапен и на декстоп за Windows и Mac.
 
 
Cloud сервисот на Amazon е најскап во оваа конкуренција и за 1 TB наплаќа неверојатна сума од над 40 долари. Можеби пак, најслабото решение за смартфон е iCloud на Apple кој нуди само 5 GB за почетно користење, а со месечна претплата за 8 долари се добиваат само 55 GB. iCloud може да се поврзе со Mac и Windows компјутери, но има ограничен веб менаџер за фајлови.
 
Автор
 
Христијан Станоевиќ