Samsung Galaxy S Duos 3 доаѓа наскоро за само 100 евра
Објавено на 02.09.2014 во Новости
Samsung продолжува со традицијата за пласман на нови модел на веќе успешни и познати серии на смартфони на пазарот. Најнов меѓу нив е Galaxy S Duos 3 кој како што може да претпоставите од самото име ќе работи на две SIM картички, додека останатите компоненти се нешто поскромни и доаѓа во евтината класа.
Galaxy S Duos 3 ќе има 4.8 инчен qHD дисплеј со резолуција од 480 x 800 пиксели, HSDPA мобилна конекција, дво-јадрен процесор, 512 MB RAM, 4 GB меморија, 5 мегапикселна камера, батерија од 1500 mAh и ќе работи на оперативниот систем Android 4.4 KitKat. Цената на Samsung Galaxy S Duos 3 ќе изнесува околу 130 долари и се очекува да се најде на пазарот во текот на наредната недела.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.