Официјално Lenovo Tab S8 - Најмоќниот евтин таблет

Објавено на 03.09.2014 во Новости



Официјално Lenovo Tab S8 - Најмоќниот евтин таблет

Lenovo Tab S8 е најновиот 8 инчен таблет во евтината Android понуда, но цената од само 199 долари воопшто не треба да ве излаже бидејќи се работи за моќен уред кој има најнова технологија и моќни компоненти.
 
 
Lenovo Tab S8 работи на четири-јадрен Intel Atom процесор со 64 битна архитектура која многу побрзо ги завршува операциите и совршено ќе се вклопи со новите функции на Android 4.4 KitKat и подоцнежната надградба со најновата верзија Android L. Хардверот го комплетираат и 2 GB RAM, 16 GB меморија, LTE модем, 8 мегапикселна камера, одлична батерија со капацитет од 4290 mAh и Dolby звучници.
 
 
Lenovo Tab S8 доаѓа со 8 инчен IPS дисплеј со резолуција од 1920 х 1280 пиксели, а може да се пофали и со одлично скроени димензии од 209.8 x 123.8 x 7.9 милиметри и тежина од 299 грама. Lenovo Tab S8 ќе биде пуштен во продажба во текот на овој месец на глобалните пазари.




Прочитајте повеќе: