Sony Xperia Z3 е новата импресивна серија на смартфони

Објавено на 03.09.2014 во Новости



Sony Xperia Z3 е новата импресивна серија на смартфони

Sony Mobile трпеливо го гради својот пат до успехот и е еден од најпосветените производители кој воведе принцип на обновување на премиум понудата на секои шест месеци. Тоа го исполни и овој пат промовирајќи ја новата Sony Xperia Z3 составена од нов премиум смартфон, мини верзија Sony Xperia Z3 Compact со идентично ниво на моќ, како и првиот мини таблет во ова друштво Sony Xperia Tablet Z3 Compact.
 
 
Главната промена на Sony Xperia Z3 се наоѓа во дизајнот кој е многу поефикасен и покомпактен. Димензиите на Sony Xperia Z3 изнесуваат 146 x 72 х 7.3 милиметри, а тежи помалку од својот претходник со 152 грама. Промени има и во маската која сега има бела, бакарна, зелена и црна боја. 
 
 
За шест месеци технологијата не може да се смени премногу па затоа хардверските компоненти се речиси идентични како во претходната Sony Xperia Z2 серија. Затоа е искористен четири-јадрениот Qualcomm Snapdragon 801 процесор од 2.5 GHz, 3 GB RAM, 16 или 32 GB меморика, а поради потенкото тело има за нијанса послаба батерија од 3100 mAh.
 
 
Камерата од 20.7 мегапиксели со Exmor RS сензор е речиси идентична, но Sony објасни дека е употребена нова G Lense технологија за леќата која е многу поефикасна и треба да го зголеми квалитетот на видеата и сликите. Додадени и се неколку новитети во интерфејсот како Face in за истовремено снимање на две видеа, AR fun за ефекти на сликите и Sound Photo. Цената на Sony Xperia Z3 во Европа ќе изнесува 569 евра.
 
 
Sony Xperia Z3 Compact уште еднаш докажува дека мини телефоните можат да бидат големи. Sony Xperia Z3 Compact од премиум моделот единствено се разликува со помалиот екран од 4.6 инчи со HD резолуција од 720 x 1280 пиксели. Смартфонот работи на четири-јадрен Snapdragon 801 процесор од 2.5 GHz, 2 GB RAM, 16 GB меморија, има 20.7 MP камера со Exmor RS сензор, одлична батерија од 2600 mAh и секако LTE модем.
 
 
Sony Xperia Z3 Compact доаѓа со IP 65/68 сертфикатот кој му овозможува на смартфонот потопување во вода на длабочина од 1.5 метри цели 30 минути, има тенко тело од 8.6 милиметри и тежи 129 грама. Цената и пласманот на Sony Xperia Z3 Compact се уште не се објавени, но ги очекуваме наскоро.
 
Автор
 
Христијан Станоевиќ
Автор: Aleksandar Stankov