Asus ZenWatch - Најдобро дизајнираниот смарт часовник

Објавено на 04.09.2014 во Новости



Asus ZenWatch - Најдобро дизајнираниот смарт часовник

Asus долго време изјавуваше дека ќе лансира смарт часовник на пазарот само доколку креира супериорен дизајн кој ќе им покаже и на останатите конкуренти како навистина треба да изгледаат овие нови уреди. Тоа и го исполни со Asus ZenWatch кој може да се пофали со прекрасен изглед и естетика, со што купувачите ќе добијат висока доза на луксуз и модерна технологија.
 
 
Asus ZenWatch е целосно изработен од челик кој нерѓосува, има заоблени агли и дисплеј кој има блага идолженост. Ременчињата исто така се одлично дизајнирани и ќе се вклопат во стилот на корисникот. Смарт часовникот има и квалитетен хардвер составен од четири-јадрен Qualcomm Snapdragon 400 процесор, 512 MB RAM, 4 GB меморија, додека пак дисплејот со големина од 1.6 инчи има резолуција од 320 х 320 пиксели.
 
 
Asus ZenWatch е дел од софтверската платформа Android Wear, но во комбинација со сопствениот ZEN UI интерфејс. Затоа Asus ZenWatch има неколку ефикасни опции за управување со гестови и брза активација на различни опции. Една од нив е Tap Tap со која само со допир на екранот веднаш го наоѓа смартфонот во близина и воспоставува конекција. Со Cover to Mute може со поместување на раката врз екранот да го стишите звукот при дојдовни повици и друг вид на известувања од смартфонот. Останатите опции се Remote Camera, Presentation Control, Find My Phone, и Watch Unlock.

Asus ZenWatch исто така има дел од софтверот кој е посветен на следење на фитнес актинвостите со апликации за педометар, сензор за пулсот и работата на срцето, трошењето на калории и стрес нивото. Цената на Asus ZenWatch сосема разбирливо ќе биде нешто повисока со 199 евра, а се очекува да се најде во продажба наскоро.
 
Автор
 
Христијан Станоевиќ