Пристигнаа првите Lumia смартфони на Microsoft

Објавено на 04.09.2014 во Новости



Пристигнаа првите Lumia смартфони на Microsoft

Microsoft ја превзема Nokia и сега целосно може да располага со серијата Lumia. На саемот IFA 2014 се претставени токму првите три Lumia смартфони кои се под капата на Microsoft, но белегот на Nokia се уште е добро претпознатлив. Новата серија е сочинета од Lumia 830, Lumia 730 и неговата Dual SIM варијанта Lumia 735.
 
Nokia-Lumia-830
 
Lumia 830 е смартфон со квалитетни компоненти достојни за средната класа и има 5 инчен IPS LCD HD дисплеј со резолуција од 1280 х 720 пиксели и ClearBack технологија, потоа работи на четири-јадрен Snapdragon 400 процесор, 1 GB RAM, 16 GB меморија, слот а microSD, батерија од 2200 mAh, како и LTE конекција.
 
 
Смартфонот има и квалитетна 10 мегапикселна PureView камера, со BSI сензор, оптичка стабилизација на сликата, а може да снима и 4K видеа. Lumia 830 доаѓа со колоритен дизајн чии димензии изнесуваат 139.4 x 70.7 x 8.5 mm и тежи 150 g.

Вториот дел од новата Lumia серија е обележан од првиот селфи смартфон на Microsoft, а тоа е Lumia 730 кој има 5 мегапикселна камера. За потсетување првиот вистински селфи смартфон со Windows Phone 8.1 е сепак, HTC One Windows, но сеедно и Lumia 730 може да се пофали со квалитетни компоненти привлечни за купувачите.
 
Nokia Lumia 730 Dual SIM
 
Lumia 730 има 4.7 инчен OLED дисплеј со HD резолуција од 720 x 1280 пиксели, 6.7 мегапикселна камера, работи на четири-јадрен Qualcomm Snapdragon 400 процесор со 1 GB RAM, 8 GB меморија, слот за microSD картичка, како и батерија со капацитет од 2220 mAh. Верзијата со две SIM картичка ќе се продава под името Lumia 735. Lumia 830 ќе чини околу 300 евра, а Lumia 730 и Lumia 735 по нешто пониска цена од 250 евра.
 
Автор
 
Христијан Станоевиќ




Прочитајте повеќе: