Претставен Motorola Moto X - Поголем, премиум, поскап

Објавено на 05.09.2014 во Новости



Претставен Motorola Moto X - Поголем, премиум, поскап

Motorola го претстави новиот смартфон во високата класа Moto X 2014 кој е многу помоќен во однос на неговиот претходник, но исто така е поскап и без склучен договор ќе се продава по цена од 499 долари, па да погледнеме што нуди за овие пари.
 
 
Новиот Motorola Moto X има 5.2 инчен Full HD AMOLED дисплеј со резолуција од 1080 х 1920 пиксели, 13 мегапикселна главна камера со Dual LED блиц и можност за снимање на 4K HD видеа, 4G LTE конекција, метална рамка, а димензиите изнесуваат 40.8 x 72.4 x 9.9 mm и тежи 144 g.
 
 
Цената е оправдана и со моќниот четири-јадрен Qualcomm Snapdragon 801 8974-AC процесор од 2.5 GHz, 2 GB RAM, 32 GB меморија, како и батерија со капацитет од 2300 mAh. Motorola Moto X работи на оперативниот систем Android 4.4.4 KitKat, но со многу додатоци во софтверот како Moto Voice, Moto Assist, Highlight Reel и уште многу други.