PlayStation 4 ќе се игра и на серијата Sony Xperia Z3

Објавено на 06.09.2014 во Новости



PlayStation 4 ќе се игра и на серијата Sony Xperia Z3

Една од најитересните софтверски алатки која беше преставена со новата серија Sony Xperia Z3 е опцијата Remote Play која ви овозможува на вашиот смартфон или таблет да ја продолжите играта од конзолата PlayStation 4.
 
 
За почеток само Sony Xperia Z3, Sony Xperia Z3 Compact и Sony Xperia Z3 Tablet Compact ќе може да ја користат опцијата Remote Play при што може директно да го поврзете DualShock 4 контролерот, а потребно е конзолата и мобилниот уред да се поврзани на иста Wi-Fi мрежа.
 
 
На овој начин од телевизорот до мобилниот уред ќе се пренесува видео и играта може да ја продолжите на смартфонот или таблетот на било кое место. Најдобар приказ секако ќе има на 8 инчниот таблет Sony Xperia Z3 Tablet Compact, а очекуваме опцијата Remote Play во блиска иднина да биде достапна и за останатите Sony уреди кои се од високата класа.