Asus VivoTab 8 е нов 64 битен Windows таблет

Објавено на 10.09.2014 во Новости



Asus VivoTab 8 е нов 64 битен Windows таблет

Asus продолжува со пласман на супер квалитетни таблети во сите категории, па откако го промовираа евтиниот, но квалитетен Asus MeMo Pad 7 во Android сегментот кој е еден од првите со 64 битен процесор, сега на ред се и Windows фановите кои го добиваат квалитетниот Asus VivoTab 8.
 
 
8 инчниот Asus VivoTab 8 работи на 64 битниот чипсет Intel Atom Z3745 со четири-јадра од 1.8 GHz, 2 GB RAM, 32 GB вградена меморија, има слот за microSD картичка, 2 мегапикселна камера, батерија со капацитет до 3040mAh, а ќе чини околу 220 долари. Asus VivoTab 8 се очекува наскоро на пазарот и ќе дојде со најновата верзија на Windows 8.1.