Samsung му се потсмева на Apple - Нели големите телефони не чинат !?

Објавено на 10.09.2014 во Новости



Samsung му се потсмева на Apple - Нели големите телефони не чинат !?

Промоцијата на Apple навистина беше забавна и привлечна за секој љубител на технологијата, но да бидеме искрени не видовме ништо спектакуларно ново, ниту еден новитет кој веќе не е применет од страна на конкурентите во Android сферата. Сеедно, Apple е моќен бренд и да се поседува уред со нивното лого е врвен израз на престиж, но можеби е време да се смени таа перцепција. 
 
 
Samsung секако, нема да седи мирен во наредниот период и ќе ги искористи сите расположливи оружја за да ги „разоткрие“ iPhone 6 и iPhone 6+ кои доаѓаат само поради пристисокот на пазарот за поголеми и пофункционални телефони, се останато е само мачкање очи.
 
 
Токму затоа Samsung потсетува на „славната“ изјава на Стив Џобс кој рече дека големи телефони никој нема да купува, iPhone има идеална големина на екранот, совршено лежи во раката и може лесно да се управува со прстите, но оваа политика мораше да биде напуштена и тоа од неговиот наследник Тим Кук. 
 
 
Битката меѓу Samsung и Apple ќе биде екстра интересна за следење, па кој знае можеби орејците ќе покренат тужба за кражба на идеи, за смарт часовникот Apple Watch кој наликува на Samsung Gear S или пак против iPhone 6+ кој има димензии на фаблет слично како Samsung Galaxy Note 4.
Автор: Aleksandar Stankov