Google со смартфон од 70 евра - Ќе има ли евтин Android за Македонија

Објавено на 15.09.2014 во Новости



Google со смартфон од 70 евра - Ќе има ли евтин Android за Македонија

Google денес и официјално ја започна новата Android One програма наменета за земјите во развој, а првите уреди ќе бидат наменети за Индија по цена од само 100 долари. Сосема јасна е стратегијата на Google да ги направи Android смартфоните достапни во земјите со мала куповна моќ но, Индија со големиот пазар од 1.3 милијарди долари сигурно е главната причина за пласман на новата серија.
 
 
Затоа се прашуваме дали потегот на Google е навистина искрен и дали ќе продолжи со пласирање на евтините Android One смартфони на Балканот и останатите региони со низок животен стандард.
 
 
Трите Android One смартфони се изработени од индиските брендови Karbonn, Spice и Micromax кои имаат 4.5 инчен FVGA дисплеј со резолуција од 480 x 854 пиксели, работат на четири-јадрен MediaTek процесор од 1.3 GHz, со 1 GB RAM, 4 GB меморија, 5 мегапикселна камера, батерија од  1700mAh, 3G конекција, а ја користат најновата верзија на оперативниот систем Android 4.4.4 KitKat.