Откриен новиот Google Play за Android 5.0

Објавено на 17.09.2014 во Android



Откриен новиот Google Play за Android 5.0

Google е неверојатно тивок кога е во прашање официјалното пуштање во употреба на најновата верзија на Android 5.0, но затоа на интернет протекуваат новите дизајни на стандардните сервиси како Gmail, Hangouts, Dialer, Gmail, YouTube, а сега на ред е и електронската продавница Google Play.
 
 
Од протечените слики може да се види изгледот на Google Play кој е во склад со новиот интерфејс базиран на Material дизјанот, што ќе донесе поголема прегледност и ефикасност. Надградбата со Android 5.0 ја очекуваме до крајот на септември кога ќе пристигне целосно новиот интерфејс со многу подобрувања во системот.