Полициските радари ќе ве ловат кога пишувате пораки

Објавено на 19.09.2014 во Новости



Полициските радари ќе ве ловат кога пишувате пораки

Употребата на мобилниот телефон и пишувањето при возење се една од најчестите причини за сообраќајни несреќи, речиси изедначени како возењето под дејство на алкохол или дрога. Затоа полицијата ќе добие нов радар кој ќе ги детектира возачите кои пишуваат пораки и не внимаваат на сообраќајот.
 
 
Новиот полициски радар го развива компанијата ComSonics од Пенсилванија и тој ќе има задача да ги регистира фрекфенциите кои се емитуваат на смартфонот додека пишувате пораки. Доколку овој проект успее сигурни сме дека ќе биде омилен меѓу припадниците на МВР кои и онака се рекордери во пишување на казни. Затоа, сериозно размислете пред да седнете во автомобил бидејќи може да го загрозите својот и животот на останатите.
 
Автор: Aleksandar Stankov