Праќајте безбедни пораки преку Telegram

Објавено на 19.09.2014 во Android



Праќајте безбедни пораки преку Telegram

Telegram е една од ретките апликации кои ја гарантира безбедноста и заштита на содржината на пораките меѓу корисниците но, освен стандардната енкрипција од телефон до телефон, нуди и многу интересни и квалитетни опции за допишување и споделување на фајлови.
 
 
Telegram не е наменета само за параноичните корисници кои мислат дека некој можеби ги прислушкува и може да им ја пробие комуникацијата, бидејќи може да ја користи секој. Главната заштита може да ја активирате со Secret Chats и вашите пораки не се регистрираат на ниту еден сервер и по одредено време автоматски се бришат.
 
 
Со Telegram може да креирате групни разговори со дури 200 контакти, а може да споделувате видеа со големина до 1 GB. Апликацијата ви озвоможува многу лесно да препраќате слики од интернет како и мултимедијални содржини.