Samsung под притисок го лансира Galaxy Note 4 превреме

Објавено на 24.09.2014 во Новости



Samsung под притисок го лансира Galaxy Note 4 превреме

Samsung Mobile се соочува со силен притисок од страна на Apple кој е „во облаци“ и апсолутно му успеа да ги протне двата нови смартфони со големи екрани рушејќи го рекордот од 10 милиони нарачки во првиот викенд на продажба. Затоа Samsung одлучи предвреме да го пушти во продажба Galaxy Note 4 на 26 септември и тоа со агресивна маркетинг кампања на сите пазари и пониска цена од 10%.
 
 
Samsung е свесен дека повеќе го нема приматот кога е во прашање продажбата на скапи фаблети, а исто така лошо поминува во Кина каде владата им забрани на операторите да продаваат телефони со субвенционирани цени. Исто така помалите брендови од евтината понуда благо речено направија партали продавајќи милиони смартфони.
 
 
Samsung слично како Sony Mobile ќе мора да прифати загуби од околу 1 милијарда долари и да се насочи кон промоција на премиум понудата составена од Samsung Galaxy Note 4, Samsung Galaxy Note Edge, Samsung Galaxy S5, Samsung Galaxy Alpha и одличната таблет серија Samsung Galaxy Tab S.
 
Автор
 
Христијан Станоевиќ
Автор: Aleksandar Stankov