Oppo N3 ќе биде смартфон од друга планета

Објавено на 24.09.2014 во Новости



Oppo N3 ќе биде смартфон од друга планета

Oppo N1 во 2013 година го прогласивме за најиновативен смартфон поради уникатната ротирачка камера, кустумизираниот оперативен систем базиран на Cyanogen Mod, како и на интересните N1 додатоци. Сега, Oppo повторно се подготвува да донесе нова иновација која ќе ги воодушеви фановите на хај-тек уредите.
 
 
Иновацијата кај Oppo N3 ќе биде фокусирана на дизајнот, а Oppo не откри ништо конкретно освен дека ќе биде изработен од „вселенски“ метал, алудирајќи на премиум компоненти кои се користат во вселенските мисии без да посочи за што всушност станува збор. Повеќе детали за Oppo N3 ќе имаме кон средината на есента бидејќи премиум смартфонот е планиран за зимската празнична сезона.