Први детали за новата Аlpha серија на Samsung

Објавено на 26.09.2014 во Новости



Први детали за новата Аlpha серија на Samsung

Samsung подолго време се очекува да ја напушти Galaxy S серијата која треба да биде заменета со нов концепт на дизајн и употреба на метални компоненти што беше најавено со првиот ваков смартфон Samsung Galaxy Alpha, но наскоро се очекува сосема нова А серија чии уреди ќе се продаваат по цена од 350 до 500 долари.
 
 
А серијата ќе биде составена од три смартфони Galaxy А3, А5 и А7 кои ќе имаат метална конструкција и најверојатно ќе работат на 64 битни процесори од новата понуда на Qualcomm со чипсетите Snapdragon 215, 410 и 615. 
 
 
Во листата на спецификации се вклучени и HD дисплej, 13 мегапикселна главна камера, 5 мегапикселна предна камера, 2 GB RAM, LTE модем и најнова технологија во средната и високата класа, но овие смартфони се уште не е предвидено да ги заменат премиум моделите како Galaxy S5 и Galaxy Note 4.