Балканот здружен за поевтин роаминг

Објавено на 29.09.2014 во Новости



Балканот здружен за поевтин роаминг

Земјите од Балканот предводени од Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина ќе го започнат процесот за намалување на цените на роаминг со потпишување на спогодба  на состанокот во Будва на која подоцна може да се придружат Албанија, Турција и останатите држави од регионот.

Балканот без роаминг до 2015 година

Според најавите на надлежните служби ќе има намалување на цената на минута разговор која ќе изнесува 11 денари, СМС порака ќе чини 3.5 денари, додека пак мобилниот интернет во роаминг ќе чини околу 12 денари за мегабајт.

Ефектите од овој договор ќе бидат познати од почетокот на 2015 година и доколку се реализираат ќе добиеме намалување на цените на роамингот од 25 проценти. Претходно државите членки на ЕУ одлучија да го поевтинат роамингот, додека пак Балканските држави и натаму плаќаат највисоки сметки за разговори, пораки и мобилен интернет.

Автор: Aleksandar Stankov