Висок стил за 200 евра - Samsung Galaxy Ace Style LTE
Објавено на 30.09.2014 во Новости
Samsung Galaxy Ace Style LTE е супер смартфон кој по цена од само 200 евра во ниската класа ќе донесе висок стил. Galaxy Ace Style LTE е еден од ретките евтини смартфони со Super AMOLED дисплеј, а може да се поврзе и на најбрзата 4G LTE мобилна мрежа.
Samsung Galaxy Ace Style LTE има 4.3 инчен дисплеј со WVGA резолуција 480 х 854 пиксели, работи на четири-јадрен процесор од 1.2 GHz, 1 GB RAM, 4 GB меморијa, 5 мегапикселна камера и батерија со капацитет од 1900 mAh.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.