Официјално Windows 10 - Големо позитивно изненадување

Објавено на 01.10.2014 во Windows



Официјално Windows 10 - Големо позитивно изненадување

Microsoft сосема неочекувано без никаква помпа ја најави најновата верзија на оперативниот систем кој скокна една бројка и стигна до Windows 10. Како што можевме да очекуваме Windows 10 ќе биде скроен според барањата на корисниците и се враќа традиционалното Start копче кое сега е збогатено со активни икони и нов интерфејс позајмен од мобилните системи.
 
 
Windows 10 има неколку важни новитети кои ќе го збогатат корисничкото искуство како што е можноста за работа со апликации на допир на самиот десктоп, покрај употребата на тастатура и глувче. Новиот концепт е наречен Universal apps и неговата функционалност е позајмена од Windows таблетите. 
 
 
Во Windows 10 корисниците ќе може да активираат четири прозори со активни апликации или програми на декстоп за поголем степен на мултитаскинг, а оваа опција одлично ќе се вклопи во верзијата на системот наменета за таблети. 
 
 
Со Windows 10 се очекува поголема интерграција на сите софтверски услуги, унифицирана база на апликации и подобра синхронизација со мобилните уреди. Windows 10 ќе биде достапен за превземање во средината на 2015 година, а за корисниците на Windows 8 најверојатно ќе биде бесплатен.