Шпекулациите за iPad Air 2 се истите од лани

Објавено на 01.10.2014 во Новости



Шпекулациите за iPad Air 2 се истите од лани

Денес можеме слободно да го препишеме текстот објавен пред речиси една година кога се обидувавме да ги пренесеме прогнозите за новитетите на iPad Air кои верувале или не се идентични за претстојниот iPad Air 2. Лани прептоставувавме дека iPad Air ќе дојде со скенер за отпечатоци Touch ID кој беше актуелен кај смартфонот iPhone 5s и дека ќе има златна боја на маската.

За жал Apple не ги оправда овие очекувања и пласираше просечни таблети кои немаа никакви позначајни подобрувања во однос на претходните модели. Токму затоа доаѓањето на iPad Air 2 и iPad mini 3 со Touch ID скенер и златна боја не треба да воодушевува никого бидејќи овие новитети доцнат цела година.

Тоа мора да признаеме дека не иритира бидејќи Apple нема никаква иновација за таблетите, (барем засега), но со оглед на популарноста на брендот медиумите се „попалуваат“ на овие стари шпекулации кои всушност на корисниците не им носат никаква дополнителна функционалност и корист.

iPad Air 2 ќе има 9.7 инчен дисплеј  со резолуција од 2048 х 1536 пиксели идентично како и претходниот модел со 2 GB RAM, подобрен А8х процесор и ќе работи сосема разбирливо на оперативниот систем iOS 8. Промоцијата на iPad Air 2 ја очекуваме до крајот на овој месец.

Автор

Христијан Станоевиќ





Прочитајте повеќе: