Можат ли PayPal и eBay еден без друг

Објавено на 01.10.2014 во Новости



Можат ли PayPal и eBay еден без друг

eBay еден од најголемите онлајн „трговски центри“ донесе одлука да се одвои сервисот за електронски трансакции PayPal затоа што на овој начин и двете компании побрзо и полесно ќе се развиваат.
 
 
Причината за поделба на компанијата на два секторa е поедноставно управување, носење на одлуки, како и подобар настап на пазарот и секако раст на акциите на берзата на PayPal и eBay бидејќи инвеститорите полесно ќе носат одлуки за вложување на средства. 
 
Поделбата на PayPal и eBay нема да промени ништо значајно во бизнис моделот на двете компании, но ќе им овозможи фокусирање на нивните сектори и натпревар со сличните сервиси како Apple Pay, Google Wallet и Amazon.