Трикови за побрз и поефикасен iOS 8

Објавено на 03.10.2014 во Туторијали



Трикови за побрз и поефикасен iOS 8

Новата верзија на оперативниот систем iOs 8 веќе е стабилизирана и почетните проблеми веќе се надминати што значи дека време е конечно да се посветиме на функциите и начинот на кој може да ги подобрите перформансите на смартфонот или таблетот со неколку едноставни трикови.
 
 
Доколку деактивирате одредени опции во интерфејсот кои не ви се потребни со iOS 8 ќе добиете дополнителна доза на брзина и заштеда на батерија. Тие што користат iPad поврзан со смартфон може да ги видат дојдовните телефонски повици, но доколку не ви се потребни овој додаток може да го деактивирате од Settings > Facetime > iPhone Mobile Calls.
 
 
Предвидливиот внес на текст кога ја користите виртуелната тастатура воопшто не ви е потребен особено ако комуницирате на македонски, со што пишувањето ќе биде многу побрзо, па затоа оваа опција исклучете ја во Settings > General > Keyboard>Predictive.
 
 
Eдна од невообичаените промени во iOs 8 е отстранувањето на Camera Roll фолдерот за слики кои сега автоматски се сочувуваат на iCloud и потоа потешко се менаџираат и бришат. Затоа исклучете ја опцијата iCloud Photo Library (Beta) во менито Settings > Photos & Camera, па потоа сами одберете кои слики ќе ги поставите на овој сервис.
 
 
Опцијата Refresh за апликациите може да биде корисна но, со постојаното работење одзема од капацитетот на системот. Ако мислите дека немате корист од Refresh на сите или на дел од апликациите опцијата може да ја исклучите во Settings > General > Background App Refresh.
 
 
Во App Store имате огромен избор на игри и апликации, но автоматската понуда на нови сервиси кои би сакале да ги купите може да биде иритирачка. Затоа предлозите за нови апликации од App Store може да ги исклучите од Settings > General > Handoff & Suggested Apps.
 
Автор
 
Христијан Станоевиќ




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}