USB стиковите ќе заразат илјадници компјутери

Објавено на 04.10.2014 во Новости



USB стиковите ќе заразат илјадници компјутери

Во firmware системот на USB стиковите за преносна меморија е пронајден голем безбедносен пропуст кој им овозможува на сите хакери да протнат штетен софтвер кој воопшто не се детектира, а истражувачите велат дека немаат решение за овој проблем.
 
USB стиковите од сите производители го имаат истиот проблем наречен BadUSB чија ранливост може лесно да се искористи и да се добие на пример пристап до тастатурата на корисникот, а со тоа и до целиот компјутер.
 
Адам Кондил и Брендон Вилсон се програмерите кои го открија ранливиот код и го објавија на GitHub со цел да ги предупредат производителите да го променат системот на USB. Сепак, за да се заменат сите стикови ќе бидат потребни години, а никогаш нема да бидете целосно сигурно дека вашето USB е безбедно за користење.