Бизнисмените се попалија по BlackBerry Passport

Објавено на 06.10.2014 во Новости



Бизнисмените се попалија по BlackBerry Passport

BlackBerry се пофали дека досега продал околу 300 илјади примероци од најновиот смартфон во бизнис класата BlackBerry Passport кој потсетува на старите квалитетни уреди со физичка QWERTY тататура и екран на допир.
 
 
BlackBerry Passport најголемиот адут го има во паранојата која се создаде во последните месеци по скандалот на прислушкување на Американската безбедносна агенција, но и на бројните хакерски напади, кражба на податоци, како и шпионажата на Кинеската сајбер група насочена кон стекнување со индустриски тајни, дизајни и интелектуална сопственост.
 
 
BlackBerry Passport доаѓа со засилени мерки на безбедност на комуникацијата и енкрипција на податоците, па бизнис корисниците сметаат дека е одличен избор. Да потсетиме BlackBerry Passport работи на четири-јадрен Snapdragon 801 процесор, со 3 GB RAM, 32 GB меморија и батерија со капацитет од 3450 mAh. 
 
 
Сега останува да се види дали BlackBerry Passport ќе биде привлечен и за останатите купувачи кои го преферираат iPhone 6 кој забележа рекордна продажба од над 10 милиони уреди.