МаркО од Македонија - Нов мобилен асистент и организатор

Објавено на 08.10.2014 во Македонски апликации



МаркО од Македонија - Нов мобилен асистент и организатор

Македонското студио за развој на мобилни апликации Codewell Unlimited го најави новиот проект MarkO - Your smart task buddy that rocks, односно смарт организатор на вашите обврски, задачи и настани.
 
 
Апликацијата MarkO е спој на мобилен асистент и организатор која ќе ви овозможи да ги комплетирате вашите секојдневни задачи на вистинската локација и во вистинско време. MarkO ќе ви понуди паметни предлози за локацијата на која што сакате да ја завршите вашата задача.
 
 
Следниот пат кога ќе сакате да купите одреден производ, МаркО може да ве потсети со испраќање на известување кога ќе поминете во близина на било која продавница, а доколку сакате ќе можете и да вметнете конкретна продавница.
 
 
Во тек е и изработка на Android верзија за мобилната апликација која се очекува да биде реализирана до крајот на октомври. Во понатамошниот период ќе бидат изработени и верзии за платформите iOS, Wearables и Google Glass.
 
 
Сите заинтересирани можат да се пријават на веб страната на МаркО каде може да ја тестираат бета верзија на апликацијата и да учествуваат со предлози и идеи за нејзината функционалност.